сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 46
home Колумни

Ајде, да си ја вратиме Македонија

Ајде, да си ја вратиме Македонија

Заев ги испрати репрезентативците на Македонија на Европско. Слика од која илјадници Македонци добија инстант нагон за повраќање. Бљак, нели? Она, кога лукративниот муртинец глуми дека ја сака Македонија, лик кој се срами и да го спомне нејзиното име, а сега ќарува поени со популистички, мизерни глупоштии на грбот на репрезентацијата? Ајт, сиктер таму, не ни го грди убавото. Да, ова во Македонија во идинина ќе се препишува како рецепт во аптека за да не ставате два прста при потреба од блуење, фотка и со огромен лаксативен ефект…

Сакате да не ви се повторува оваа слика? Сакате да ја паметите како лош спомен, ретро делче, црн фрагмент од минатото кога еден црпнат антинационален опортунист во исто време кога на софиско Илиенци распродаваше се’ што е македонско на Бугари, во врвот на својата дволичност истиот ден на скопскиот аеродром носеше македонски дрес и ги испраќаше нашите фудбалери, глумејќи Македонец? Сакаме, нели?

Сакаме и ниетот за продажба на историјата, светците, револуционерите, јазикот и идентитетот во целина да биде само еден лош обид на муртинскиот алаш-вериш прекупец? Грд чин, останат во обид. Ука за идните генерации, колку на некого може да му забега недокваканиот ум? Сакаме, факт…

Сакате да не се нервирате и живцирате секој викенд гледајќи фотки како ЗЗ и Вени глумат дека знаат да возат мотори од 32 илјади евра, и се „опуштаат“ правејќи турнеи по Македонија? Како летаат со хеликоптери додека некој умира? Гарант…

Сакаме и влада, премиер, спикер и претседател од кој нема да се срамиме? Уште повеќе сакаме спикерот Таљо да не биде најнормален од сите, нели? А, за жал, е… Е, сакаме, ама нема.

Сакаме да одиме на суд, а таму да не не чека некоја нова Кацарска, а зад неа да се смешка некој клон на Русковска, двете командани од далечинското во џебот на другарчето ЗЗ, со мени –  драконски казни за неистомисленици и галовни домашни притвори и затвори за заслужни комуњарски апаши? И тоа како сакаме…

Сакатете и да нема Рашковци со хациенди од 800 м2, магариња на Димова, снопчиња евра на Дончев, кокаин на Павле, рекет на Боки, бунди на Катица, нарко-босови и терористи со македонски пасоши, Вице со мара-плантажи и рекетче од РЕК-ови, градоначалници шверцери и тепачи, Кираци со фризерки и други од ергелата на Зоче без мува да ги лази? Преку глава, нели?

Сакаме да не се молиме за вакцини, да не ни умираат  бадијала пријатели и сограѓани додека некој прави провизии, да не не’ лажат три години дека донеле датум за преговори, да не ги задолжуваат нашите деца и внуци? О, да, сакаме…

Сакате , башка, децата и внуците да ви пафкаат легален канабис ко локомотиви, проституцијата да остане забранета, а казината да се проретчат и одалечат? Секако…

Сакаме и да не го слушаме тој одвратен збор северна во секоја реченица на неписмените корисни идиоти, сакаме ли полека да ги снемува тие грди табли од институции и министерства, да си ги вратиме светиите назад? Ооооо, многу сакаме, нели?

Сакате ДА СИ ЈА ВРАТИМЕ МАКЕДОНИЈА? Онаа, вистинската, достоинствена, исконска и горда Македонија, онаква каква што ја сакаме и знаеме? Сакаме, најмногу од се’ на светот, признајте.

Епа, едноставно е. Рецептот е еден и прост. Обединување. А потоа, да престанеме да кукаме и да излеземе на протести и на избори.

Факт е дека лошите политичари (читај северџани) ги избираат и поддржуваат добрите луѓе кои седат дома. Од поделби, плачење, кукање и силење/бесење/пцуење по социјални мрежи и пред кооперација, досега никој не направил ни оправил држава…

ЕУРО 2020

Македонија