недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 49
home Колумни

А што очекувавте од партијата за чиј лидер „Холокаустот е еврејска традиција“?!

Партијските хејтери одврзани, во страв од губењето на доходовните советнички „лежи-лебу да те јадам“ позиции, поведени од идолот и неговото поимање на „холокаустот како еврејска традиција“, се занимавале со министерката Рашела Мизрахи и навредите кон неа, па заборавиле на плашењето со РЕЖИМОТ, кој старо-нова мисла водилка во кампањата неинвентивна требало да стане. Пустите, ги водела мислата на Буковски, не, не ги мразат луѓето, ич, ама се чувствуваат подобро кога не им се во близина. Не дека го читале Чарлс, ама чувството било идентично. Сетете се само на бљак-фацката на Рада кога ги гушкаше граѓаните во време на в.д. прецедник партиски...
А што очекувавте од партијата за чиј лидер „Холокаустот е еврејска традиција“?!

Соочени со пораз во најава, во комбинација со класичната и постојаната им состојба надалеку позната како безидејност, чедата од екс Бихаќка се решија за проверен рецепт. Или, барем така требаше  да биде.

Рецептот се вика „Плаши ги со РЕЖИМ“, стар, невкусен и неинвентивен специјалитет од кујната комуњарска, чија мирудија е орното повторување на состојбата измислена. Оти, така и само така реата грда замав земала и се ширела од грлата на платените им извикувачи. Она, кога сто пати повторената лага станува вистина.

Проверен и бајат „режимски“рецепт, стар повеќе од една деценија, иако резултатот во низа (последен во лето Господово 2016-то) постојано си бил пораз. Арно ама, чедата од СДСССС и онака не биле навикнати на победа, можеби поради тоа што никогаш и не ни победиле во животот им партиски.

Не им било лесно, им горело под нозе, а идеја ни за лек. Па им текнало за реинкарнација на РЕЖИМОТ? „Врло промуќурно“, нели?

И не било тоа туку-така, претходел „тежок“ процес на брејн-сторминг со сите им јуришници, кои соочени со поразот јасно надвиснат над нивните неинвентивни глави,  мислеле, мислеле, ги удирале празнотиите, пробале се’ и сешто и, конечно, „смислиле.“ Да, иако парадоксално што такви неинвентивци си тепале „брда“ пари од Фондот за иновации…

„Еурека!“ извикал гуруто за медиумски мрак, а дузината ТВ и нет стартези останале со отворени усти, во исчекување на мудрата мисла на мракаџијата докажан. Тензичната тишина ја разбил урликот му со блаженство синокрвно измешан.

„Ќе го плашиме народот со враќање на РЕЖИМОТ, ју-хуууу!“ извикал недоветниот.

„Кх, кх, кх, ќе ги плашиме и со враќање на уставното име на државата“, додал понесен од творечкиот му немир. „Аххх, да, и дека ВМРО ќе го поништи Преспанскиот договор“, додал со промуќурна фацка.

„Чек, чек! И двојазичноста дека ќе ја поништат исто, а богами и бугарската направија! Јес, како само  ми текна, колку сум инвентивееен! Одиме на победа!!!“

Наеднаш, смрачените лица на мозочно измиените медиумски гуруа се озариле и опуштиле. Тежок камен им паднал од плеќи, па почнале да си плачат од среќа и да се гушкааат.

Целивајќи му ги нозете на „текнувачот“, заминале по редакциите да го пренесуваат зборот негов комуњарско насушен.

И наеднаш, од секаде пак се слушал зборот РЕЖИМ, РЕЖИМ! „Алооо, РЕЖИМ ќе вратат овие, РЕЖИМ бреее! Буууууу! А-пууу!“ се орело од грлата на платениците мозочно испрани, чеда недоветни кои врз апстрактната именка кариери изградија и „бродови“ се сторија.

Јок, не им текнувала македонската аналогија на нивната прикаска со режимот и онаа старата со волкот. Да, за хејтерчето кое 11 години викало РЕЖИМ, за да кога тој вистински дошол и при референдумот во 2018-та со сета силина удрил, никој не ни трзнал на режим, хунта ли, оти на сите им дошло преку глава од се’.

Нејсе што и глупоста ретроградно-режимска ефект имала само врз сопартијците, кои сега со тендерчиња омрсени со сласт се сеќавале како кога ги фарбале зградите онанирале на зборот измислен.

Дури ни илјадници „разоШарани“ не трзнале на мувлосаната фраза, која по сите правила требаше да замине во ссдссссовските анали. Сега разоШараните сакале истиот тој РЕЖИМ да се врати, подобро било. Јап, оти сега им „текнало.“

„Техничкиот“ Гуливер, пак, пукнал од мака што го заборавиле „режимот“ во пародијата со лилипутанецот Петров, а и „ЗА“-ев л’цнал што не го промовирал при новогодишниот му циркуски настап на 24-ка.

Наместо тоа, во свој манир, од пуста желба и без срам си признал дека ќерка му ја мења за грчки остров. Небаре е на Реклама5 или Пазар3. Оти, бизнисменското било посилно од него, башка што погрешно ја запамтил поговорката „Секој човек е остров“. Зоки сфатил дека таа гласи „Секој човек треба да има остров“. А тој немал. Само тоа и му фалело. Да де, ко што на човек не можеш да му земеш на сила, ко што чинот е ГРОМОЗОРЕН, Прилеп е во Полог, а холокаустот бил Еврејска традиција. Класика или Заевизам, по ново.

Хејтерите одврзани, пак, поведени од идолот и неговото поимање на холокаустот, се занимавале со министерката Рашела и навредите кон неа, па заборавиле на РЕЖИМОТ. Ги водела мислата на Буковски, не, не ги мразат луѓето, ич, ама се чувствуваат подобро кога не им се во близина. Не дека го читале, ама чувството било идентично. Сетете се само на бљак-фацката на Рада кога ги гушкаше граѓаните во време на в.д. прецедник партиски.

Нејсе што пак ја утнаа, оти во време кога САД со Иран се расправа, а Техеран со напад на Тел Авив се заканува, нивните одврзани гавази по македонска Еврејка удрија и со давидова ѕвезда ја бележеа?! Ало, суруши? Ама да не заборавиме дека до крај, цел СДССС за Хилари навиваше и по Трамп со дрва и камења маваше. Проценката никогаш и не им била јака страна…

Сепак, хејтерите ветиле, дека по глупостите што ги направија, сега посериозно и со нов ентузијазам (нов ќеш де) ќе му се посветат на режимот, поништувањето на Преспанскиот од ВМРО, Грујо, укинувањето на двојазичноста итн. Ептен, не можат пустите, силна мака и „сметњи“ когнитивни имаат затоа што најавата за пораз во април им ги отвори чакрите панични, а стравот од губење на советничките позиции (читај ќеш бадијалџиски) им ја врати омразата, која 11 години беше основа на нивното постоење. Ама партиската беса е беса, оти по ново бесата сега ги води.

Ви текнува, само една работа нема да биде саглам со заминувањето на Зокија.

Да, факт е дека тој ќе си остане дилајла, ќе дава интервјуа, ќе си тресе зелени без усул  и ќе реди лапсуси и во опозиција, неминовно, талентот е природен и тоа нема да ви фали, ниту медиуми ќе му недостигаат, не грижете се и за тоа.

Гарант и Шики во траор ќе пие повеќе и од револт  уште повеќе нема ништо да прави, и тоа е сигурно. Таличниот, пак, ќе се пенави засилено и пута сто ќе ја користи наметната придавка контра јужната страна на светот во секоја реченица, не се секирајте.

Дел од другиве владини извиканици украсени со антинационални повраќаници може и во ќорка ќе завршат, па нема толку да ги гледаме во јавноста, а то од искреноста и пазарот на Боки и Фрики зависи, нели.

Проблем е што омразата со пари принудно потисната сега ќе се врати на голема врата. Ќе се излее ко поплава хејтерска.

Јап, сите оние хејтерчиња сега вдомени и смирени со советнички позиции по институциите ќе останат на улица. Ууууу, страшно, нели, барем за нив. Башка, што сега добро знаат колку сеењето омраза и хејтањето на ближниот свој може да биде доходовно, три години бенефитот го чувствуваа сластен, иако не беа за жалење ни додека беа во опозиција.

А колериците навежбани, кои при првата „криза“ со техничката влада и новите министри ги покажаа „квалитетите“ и афинитетите, сега ќе бидат целосно одврзани, баз заштита на муцињата. Ќе ги вежбаат вилиците им, зарѓани во советничките фотелји. Ќе удрат по мозочно „немиените“ им сограѓани, ќе се отворат за сите пари.

Ко печурки по дожд (новокомпонирано – ко советници по изборен пораз) ќе „никнат“ и сеат омраза, ќе черечат, гризаат, распарчуваат и партали ќе летаат. Споменот на состојбата е се’ уште присутен, ви текнува. Без сомнеж, „гарантовано“, ко што по дождот сонце доаѓа, кога-тогаш…

A, велат, некои луѓе се како облаци. Кога ќе ги „снема“ (од ФБ, ТВ или нет), денот е толку прекрасен. Истите тие оксиморони на две нозе се сакаат меѓу себе само затоа што мразат исти работи.

Епа, по 12-ти април, ќе ги гледате почесто…

Коронавирус