вторник, 3. август 2021. Вести денес: 162
home Колумни

Заев купува време

Заев купува време

Ко ѓавол од темјан, Зоче бега од избори и Резолуција, Стево, пак, од Северна. А кршењето на Уставот им доаѓа нешто како лоша навика. Да, пустите не знаат да заковаат ни шајка, да сработат нешто за државата уште помалку, за Македонците најмалку, ама да измајмунисаат и да избегаат од местото на „злосторот“ се мајстори. ЦСИ трага не може да им најде, а? Јок, не ви требаат ни Грисом ни Хорацио, Шерлок Холмс најмалку. Владејачите со IQ33 не знаат, нит некогаш знаеле да скријат што укашкале. Кога тие муљаат и малите деца знаат кој е виновникот. Секогаш… Во Македонија, пак, најчесто арогантно бегаат ко да не чуле дека по нив се вика:„Никогаш Северна, секогаш Македонија!“ СДССW класика…

Во САД ги одложија резултатите од изборите, ви текнува? Тогаш се шегувавме дека кај нас нема потреба од такво нешто, затоа што во Македонија знаеме кој ќе победи и пред изборите да се одложат…

Ама „нашиве“ се обратни. И буквално и фигуративно. Североидните чеда, возљубени во власта, нон-стоп одложуваат избори и купуваат време за да ги наштелуваат. Уште една комуњарска класика. Само сетете се колку пати ЗЗ и компанија ги одложија изборите во 2015-та кои станаа избори во 2016-та, за да  и покрај сите скаламуции, „бомби“, три одложувања и шарени дееволуции, пак не победат. Ги одложија малку и „предвремените“ во 2020-та, ама тогаш на помош им скокнаа короната и  системот. Кој падна… Среде броење. Па резултатот се „преврте“ во нивна корист.

Да, живееме во земја во која Заев и компанија постојано купуваат и продаваат. Макар и време, почесто национални светии. Пуста навика од чушките и френките. А понекогаш, за зделката да се оствари, треба повеќе време. За да резултатот биде посигурен, ко 2,4 милиони марки од пипер, нели. Тоа би му дошло исто кога местачот на коњски трки добива повеќе време за да го допингува коњот. Со „непознатата“ супстанца де. За жал кај нас сите ја знаеме. Се вика пари, мито, ваучер, пакетче, пензија, вработување, тендер, ветување, плата…

Така, суртуците од екс Бихаќка, маѓепсани од слаткотијата на власта, се успале, па им светнало дека до почетокот на октомври нема да „стасаат“ со подмитувањето, па си ургирале кај Зоче за да им даде, да им купи „плус“ време за да можат да докупат гласчиња. Да, ќе видиме нова „транша“ вработување во претрупаната администрација, па нов „пакет“ во руинираната економија, па „ваучер“ за сиромашните, нова „помош“ од пола милионче за Арачина, за Ромите ли. Кај ЗЗ компани, се’ е математика. Пазарџиска, тезгарска,  не вистинска…

Велат дека страв куќа чува. Кај Зоче тоа е власта. Влогот со Локалните 2021 е голем, треба да биде „ветер во едра“ за да бидат „силни“ кога ќе и „учинат“ на Бугарија. Ко Локалните 2017-та за промена на името лакмус што беа. Само, зарем антимакедонските дилајли навистина мислат дека можат да го победат времето и оти тоа лечи се? Дека времето ќе им ја излекува и северната глупоштија??? Ало, детето кое денеска на Стево му викаше  „Никогаш Северна, секогаш Македонија!“ утре ќе биде маж! Сте се зезнале во пресметките, ама многу.

Година 2035-та:

Брегзит се’ уште трае…

Албанија и натаму е најдобар извозник на марихуана…

Небраска изброја 98% од гласовите…

Бугарите и натаму не признаваат дека јазикот им има македонски корени…

Во Москва промовирана новата електрична „Лада Тесла“ со 700 коња…

Северџаните, сега безвластни и без северната идиотштина во државата се’ уште се чудат зошто не им мина забегната, антимакедонска прикаска…

По навика, ЗЗ сега во подновеното Идризово го одложува сослушувањето за условна, сметајќи дека така ќе добие повеќе и подобри шанси за слобода во 2045-та…

Коронавирус