понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 99
home Колумни

50 нијанси на Заевото сивило

50 нијанси на Заевото сивило

Село Муртино брои 2.209 жители. А неговиот најизвикан експонент Заев и најмилото му другарче Филипче, официјално (до вчера) умреа 3.977 луѓе. Бројките за Муртино се од 2002. година, првиот фингиран попис во Македонија, кој на есен Зоче сака да го репризира во неговата, никогаш наша, северна. Значи, сега Муртино негово, земајќи го предвид масовното иселување град-село и Македонија-Запад, гарант има под 2.000 жители. Аха, значи?

Значи дека Зочето и другарчето му со две имиња, досега умреле две родни му села. Во превод, ЗЗ и ВФ (не е ви-фи, освен ако ви треба брзо безжично умирање) умреа две Муртина на творецот на северна. Ок, ај да не се лажеме, не е ни творец, туку само слеп извршител. Покорисен идиот, здравје. Се раѓа еднаш во два милениуми, а рид таков црпнува саде еднаш во два века. Факт, статистички докажан, прашајте го Симевски…

Арно ама, Зоче на прашањето дали некој ќе понесе одговорност, безобразно враќа: „Кој да понесе одговорност?“ Замисли само, херои да биле неговите садисти во докторска наметка? Фер. А, и зошто некој би понел одговорност? Затоа што тројката Заев, Филипче и Караџовски досега умрела само 4.000 луѓе во Македонија? Затоа што 4 пута 4 е 16.000 зацрнети најблиски, кои со околината и пријателите се 100.000? Затоа што поради дилајлизмот нивни ќе умрат „пута два“ од досега ли? Затоа што вакцинираат „масовно“ последни во свет? Затоа што масовноста се мери со некое скопско село ли?

Ајт бе, сиктер таму, хохштаплери со Данинг-Кругеров ефект дујдисани. А, знаете каков е овој „ефект“????

Епа, се работи за  когнитивна предрасуда, сериозна умствена фалинка во која што лицата со минимална умствена способност страдаат од илузиорна надмоќ, погрешно проценувајќи ја сопствената способност како многу поголема отколку што таа навистина е. Данинг и Кругер оваа „лична предрасуда“ и ја припишуваат на метакогнитивна неспособност, ситуација во која што оние со помала, најмала способност, не можат никогаш и никако да ја препознаат сопствената неспособност и да ја одредат нивната не/компетентност.

Рецептот е повеќе од едноставен. Ќе најдете (читај црпнете од нива) биљмез, што умствено поограничен, тоа подобро, ќе му кажете дека е најумен „у свет“, ќе го набилдате со самобениданост,  ароганција и агресија и си добивате корисен идиот т.е. пит-бул политичар, ама за „сва времена“. Небаре, половина влада ја опишавме…

И, не чудете се што таа иста црпната марионетка, од време – на време ќе застрани со железните и’ опинци и ќе мисли дека сидрото влече нанапред. Па кога умираат по 40-на луѓе и пола Македонија ќе се сели во Србија по вакцини, зевзекот со другарчето ќе вози мотори по Малешевијата. Не берете гајле што ќе „запали“ хеликоптер и ќе отвора помпезно паркинг во Прилепа града. Не паѓајте во несвест што ќе зборува српски ко Индијанец и бугарски ко Еским, јок. Муртинскиот му е мајчин, а литературен македонски никогаш нема да научи, но не сфаќајте го сериозно кога употебува зборови што не ги разбира за да се направи паметен, тоа е само гроМОЗОрен џинџер баланс.

Ги има многу вакви бисери, нели, многу повеќе од 50 нијанси на Заевото сивило, лудило, беснило или глупост ќе да беше. И не чудете се што има такви суруши за советници на сите можни полиња, не. Мораат да бидат побиљмези од него пустите, за да дилајлата си се оправда пред себе дека, сепак, и не е така цреп, ограничен и неписмен.

А следни советници кај Зоче се Каракачанов и Екатеринчето, кои останале технолошки вишок. Знаете. „Илинденска“ бр.2 и онака стана собиралиште на најлузери. Затоа, велат, ултра-комуњарски, ко што си знае, Шилегов ќе ја прекрстел во „Задња шанса“ ББ.

Планот бил, откако Бојко ќе ги „ослободи“ по избориве, Красе и ЗаГариева да преминеле во владата на ЗЗ како советници за бугарско прашање. Оти, македонското го решиле. Фер, нели.

Па, ако биде бал, нека биде маскенбал. Заевбал…

 

Коронавирус