петок, 26. февруари 2021. Вести денес: 19
home Колумни

5 години наградно ако излажете на Пописот?

5 години наградно ако излажете на Пописот?

5 години затвор ако одбиете да се потпишете на фалсификат-пописот на Заев. Заканата пристигна преку директорот му на статистика. Морал Апостол, не е Павле, а Зоки семоќниот наредил. Не е шега. Ако може патриоти да направи терористи, лесно е директор да стане портир…

5-че, машала. Три, па „цели“ 4 години затвор за копукот кој го уби младиот кошаркар Христовски и на крај доби казна ко дедото кој ја скубна Пелинска, ама саглам 5-че за оној кој ќе му пркоси на ќефот на муринецот и ниетот да исполни желба на коалициониот му Алија. Оваа драконската казна на Заевци е за оние кои нема да дозволат среде корона попишувачите да им влезат дома и во пандемија да ги тормозат со прашања за животот, можеби скришно и не знаејќи носејќи смрт со себе. Ова е закана за сите оние кои сметаат дека пописот е фејк, ко и сите лажни вести на Заевци, ко и нивното владеење, лажњак уште пред и да зинат.

Затоа, во познатиот манир на сурушката и полна со црнила  за Македонецот страховлада, гарнитура која американското „Списание за демократија“ ја прогласи деновиве за тоталитарен режим, СДССССССС игра превентивно. Не дозволува црпнатото чедо некој да му ја помати сметката и љубовта со премиерот Артан Нежниот, макар уште три канцеларии и 5 згради од Грујо изградени побарал.

Ви текнува за нелогичниот Закон за двојазичност, злодело за кое Венецијанската комисија рече дека е тешка глупост? За кој никој не даде изим и кој ќе ја чини државата милиони евра и многу ДУИстички вработувања? Ви текнува како насила сменија име и Устав на државата? Ви текнува ли како наложија предвремени избори? Ви текнува како тераат идиотски образовни реформи?

Начинот е секогаш ист, тој па тој. На сила, на мускули и со закани. Демократура, диктатура под маска на демократија. Оти, поинаку бандата и не знае.

Само едно ме интересира. Ако за одбивање да се попишеш, казната е цели 5 години, колку ќе биде наградата за секое приложено матично бројче на граѓанин кој не е во земјава со години? 5 години НАГРАДНО ли ќе даде Зоки. 5 години фора да си седите дома ако сте во јавна администрација или опционално – 5 години помалку до пензија, 5 години гратис намалување затворска казна за вас или близок роднина по избор, 5 години за што било, што ќе ви текне. Еееееее, ова ќе биде вистинска мотивација за да се „преброиме“ по Заевата формула, суперишка.

Арно ама, уште нешто ме копка, ама многу. Ако 5-че е казна за одбивање да се попишете, колку треба да биде казната за ЗЗ што ги лажеше роднините, пријателите и јавноста за масакрираните деца на Смиљковско? Колку ТРЕБЕ да изнесува казната што лажеше и за малата Тамара, за Мартин Нешковски, за Младенов, за Диво Насеље? Колку треба овој национален крвопија да го осудат за велепредавството, одземениот душевен мир и неспокојот на цела една нација, за дузината потчинувања на државата? А за Глобал? А за Поткуп? За Цареви кули? За Пуч? За смртта на сите оние кои ќе починат поради вакцината која ја „нема ни за лек“?

Па, ако за оваа попишувачка глупост казната е 5-че, Зоза треба да одлежи едно 500 години за овие недела, за кои само за да ги наброиме сите ќе ни треба формат на некој роман на Толстој…

Од дамнина, уште од камено време рецептот за владеење на неспособните е ЛАГА, ТЕРОР И ЗАКАНИ.

Епа, аирлија диносауруси…

Коронавирус