четврток, 13. август 2020. Вести денес: 156
home Колумни

101% фејкери и обожаватели на Амди

101% фејкери и обожаватели на Амди

Нова лажна анкета ја „стресе“ Македонија. Кој знае која по ред. Е сега, за промена, имаа вишок. Замисли само, 101% е вкупниот збир на анкетираните?! Па како е тоа можно? Дно дна, а? Јок, со оваа власт, стандардите за дното се одамна редефинирани. Ко името, историјата… Оти си МОЖАТ.

Можно е, се’ е можно во најновата ненормалност на СДСССС&БЕСА компани. А ако се’ уште сте неверни Томи околу ликот и неделото им, само потсетете се кој им е коалиционер. Амди Бајрам ќе да беше, нели. Аххх, да бе. Дечкото што тера до 102,3 насто. Епа, што е тогаш „само“ 101% во анкетица штелована, ситница. Она, кога Амди ви е ерудитот и најначитаниот во партија. Гол со пета, не, ама статива, скроз…

Зарем се’ уште некој им верува за што било и не гледа дека царот Зоки им е угол- гол, башка мнооогу бос?

Ама, мора да признаете дека се подобруваат. Свака част. Минатата анкета, демек на  НДИ што беше, беа во „мањак“, а сега дилајлите одат во позитива. Во плус. Се опраиле де, малу, им свикале, ги рашамарале и стегнале Роберт&Рада&Коста компани, па сега и вишоци вадат. Пусти страв чуда прави.

Ја преминаа нормата од 100% на екс Бихаќка, компензација затоа што тогаш беа цели 6,1% во недостиг. Пред 10-на дена, нејадени ваљда, а задача итна им дале, склепаа анкета со вкупен збир од 93,9% испитаници. Ццццц, па 6,1% де, а биле, а не биле, ај да не ситничариме.

Добро, математика не им оди, ама ич. Историја уште помалку, за македонски јазик и да не зборуваме. Преспале на училиште пустите, уморни од лепење плакати за СДССССС, па митинзи, па од куќа до куќа одење… Да, школо на ЖИВОТОТ, оти него и го нудеа, па не научиле ништо друго, нели. Само што и само тие го видеа имагинарниот живот, спастрени во Влада, Вила Водно, администрација итн. итд. и др.

Башка, ова е „трета мајка“. Првата фејк анкета од овој тип ја лиферуваше оксиморонскиот зависен Независен. Таа беше итен одговор на првата анкета каде се наведе дека ВМРО-ДПМНЕ е во серизно водство.

Се најдоа во небрано СДССССС, мораше да одговорат, да склепаат некоја набрзинка, Заев им висел над глава, не е забанција, па ја оставија без изведувач и нарачател и тврдеа дека била анкета на некоја си таму странска институција, ама не кажаа која. Начуле, па ја објавиле. И така до ден денешен. Никој не дозна чија била, оти си е измислена. Толку изворно комуњарски, нели.

Може и самиот Заев ги прави, па тој е алфа и омега во СДССС, башка сам ја финансира, чуму и анкети да на прави. Си призна човечето. Значи, тој мести бројките, му дава на некој шут или рогат, а тој од пиетет и страв да не му ја е.е мајката, не ни проверува – и оп, имало „мањак или вишак“, мање важно.

Уште поверојатно, го боли главата од она што не го пие ни во кафана, ни по дома, ни во партија. Да, никогаш не бил пијан човекот, сам си кажа ако не верувате. Овој пат, за да се самодемантира му требаа цели 3 дена. Уууу, многу нели, рекорд, оти обично самодемантот му пристига за два до три часа.

Прво си кажа дека по 2 часа и 17 минути во кафана се прават еб.чки, шуто-рогатски грешки, за да откако педагогот Алија го среди, чедото црпнато благо соопшти дека „никад“ не пиел, нит се направил тиква. И сега, што правиме со 137 минути во кафеана?

Хммм, индикативно, оти идол му беше БЦ, познат по некои дејанија, да не соопшти меѓу редови нешто друго Барон Муртинхаузен?

Нејсе, уште полошо Зајо, со пијанството ќе имаше некаков изговор, вака испаѓа дека на трезно си ги направил сите антинационални глупоштии. Макар беден, го немаш ни овој…

А поради вашите лажни акети под дејство на мастика, во „стање“ на мамурлук направени или со психотропни супстанци навасани, ќе ве мрази сопственото членство,чии очекувања ги дигате,а  на 15-ти ќе се распрснат ко меур од сапуница.

Или, можеби, ниетот ви е друг? Го дувате балонот, за да кога ќе ве трасне реалноста и ќе изгубите ко Грчка, да кажете дека Грујо ги наместил изборите,  а дека „у ствари“ сте победиле?

Да и кампањата евтина ви е крш. Како резултат на неа, мајките по ново вака им се закануваат на децата:

-Јади то боранијата!

-Неќааааам!

-Јадииии, ако не јадеш ќе се врати Груевски! Затоа, јади!

 

Ајде бе, сиктер, нека ви ги вратат парите.

Иако, слоганот го погодивте. Она, МОЖЕМЕ…

Да, МОЖЕТЕ да научите малку математика, историја и да прочитате некоја книга.

И дефинитивно, МОЖЕТЕ да научите да ја сакате Македонија и да престанете да верглате северна…

Коронавирус