Регион ова е втор протест по ред

Протест со тензични моменти и барање за оставка на градоначалникот Велиај пред градското собрание на Тирана

Протест со тензични момент беше одржан денеска пред градското собрание на Тирана, со барање за оставка на градоначалникот Ерион Велиај, по скандалот за вмешаност во корупција на високи општински функционери, потврдена во истргата од Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК.

Протест со тензични моменти и барање за оставка на градоначалникот Велиај пред градското собрание на Тирана

Протестот беше во организација на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија „Обнова на ДП“ а учествуваа поголем број граѓани, поради, како што велат незадоволството од работата на Велиај.

Учесниците во протестот, меѓу кои и ќерката на Сали Бериша, Аргита Малтези, демократски пратеници и советници од оваа и Партијата на слободата на Илир Мета, се судрија со полицијата во обид насилно да влезат во објектот, а фрлаа и пиротехнички средства и молотови коктели.

Физички конфликт со полицијата имал и членот на Советот на општина Тирана и генерален секретар на Партијата на слободата, Теди Блуши, заканувајќи се дека по секоја цена ќе влезат во зградата, но бил спречен во тоа од бројните полициски сили.

-Каде одат фондовите на Тирана?! Ни ги земаат средствата и ги користат. Овие лидери не се само обични раководители во администрацијата, туку се политички раководители, блиски соработници на Ерион Велиај. Каде одат овие средства?! Бараме надворешна ревизија за сите средства кои се трошат во општина Тирана за периодот кој не е контролиран од Високата државна контрола. Едноставно барање, јасно антикорупциско барање, изјави за медиумите Илир Алимехмети, член на советот на општина Тирана од редовите на ДП.

Ова е втор протест, по оној на 5 месецов, што го организираше Алијансата за заштита на театарот, поддржан од ДП и Партијата на слободата, со истото барање-оставка на Велиај, кој пак ги отфрла сите обвинувања.

Најнови вести од Регион

To top