Познати Бакингемската палата

Новите фотографии од кралот Чарлс предизвикаа бура во јавноста (ФОТО)

Многумина го коментираа изгледот на кралот откако беше откриено дека се бори со тешка болест.

Новите фотографии од кралот Чарлс предизвикаа бура во јавноста (ФОТО)

Бакингемската палата во Лондон објави неколку фотографии од приемот на верски лидери и на членови на разни заедници од страна на кралот Чарлс (75) кој се одржа во вторникот.

Верските лидери и членовите на разни заедници неодамна учествувале на Форумот на верски лидери каде што можеле отворено да ги споделат своите искуства за водење во нивните заедници во време на зголемени меѓународни тензии, па Чарлс решил да им оддаде почит.

Кралот на почетокот на февруари се повлече од јавноста и ја прекина кралската должност. Тогаш беше соопштено дека боледува од рак.

Многумина го коментираа изгледот на кралот откако беше откриено дека се бори со тешка болест. Едни велат дека ослабел и дека изгледа поинаку, а други, пак, велат дека кралот „изгледа одлично“.

Најнови вести од Познати

To top