Кошарка

Милер-Мекинтаер со учинок за историја во Евролигата

Милер-Мекинтаер со учинок за историја во Евролигата

Басконија го доби Асвел со 94:80 во меч во кој беше испишана нова страница од историјата на Евролигата.

Имено Коди Милер-Мекинтаер забележа дури 20 асистенции што е нов рекорд, поточно Американецот ги надмина Ник Калатес и Факундо Кампацо кои досега го делеа првото место со 19 асистенции на вечната листа.

Тој имаше и 11 поени и 11 скока со што забележа трипл дабл и со тоа ги фрли сенка сите останати играчи на теренот.

To top