сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 38
home Вести

Филипче и Шилегов во обилколка на клиничкиот кампус „Мајка Тереза“

Филипче и Шилегов во обилколка на клиничкиот кампус „Мајка Тереза“

Министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов денеска во 13:00 часот ќе направат обиколка низ клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ од главниот влез на кампусот.

По обиколката се предвидени изјави за медиумите на министерот Филипче и градоначалникот Шилегов на паркингот до Клиниката за гинекологија и акушерство.

-Во изминатиот период, во Клиничкиот центар се реконструираат улици и тротоари, се пробиваат нови влезови, се одвојува автомобилскиот и пешачкиот сообраќај, се оформува ургентна лента од главна капија, заради непречено движење на возилата на Итна медицинска помош, докторите и пациентите на клиниката, како и расчистување и уредување на јавните површини на просторот во Клиничкиот центар, информира Министерството за здравство.

Коронавирус