Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ денеска стапија во дводневен штрајк, поради што се очекува откажување на летови на во Минхен и во Франкфурт.
Компанијата соопшти дека и покрај штрајкот на пилотите ќе бидат реализирани најмалку половина од планираните летови, како и дека летовите за Блиски Исток се иземени од штрајкот.
Синдикатот на пилотите „Вереинигунг Кокпит“ соопшти дека штрајкот ќе биде помал по обем, во споредба со штрајкот од 12 февруари, во кој учествуваше и Синдикатот на кабинскиот персонал УФО, при што беа откажани околу 800 летови.
Синдикатот повика повеќе од 5.000 пилоти на „Луфтханза“, „Луфтханза Карго“ и „Луфтханза Ситилајн“ да се приклучат на 48-часовен штрајк. Авиокомпанијата и синдикатот остануваат поделени околу зголемувањето на платите во регионалната подружница „Ситилајн“и повисоките пензии за пилотите во „Луфтханза Карго“ и матичната авиокомпанија „Луфтханза“.
Авиокомпанијата го осуди штрајкот како непотребна ескалација, особено во време на зголемена геополитичка неизвесност поради војната во Иран, која влијае на патниците низ целиот свет.