Македонија РСБСП

Загинати 114 лица во 106 сообраќајки во периодот јануари-ноември годинава

-Безбедноста во сообраќајот е императив на сите субјекти од областа на сообраќајот, но е значајна и за секој човек бидејќи секој на свој начин е учесник во сообраќајот. Секојдневно сме сведоци на голем број сообраќајни незгоди кои често имаат и несакани последици. За жал сѐ уште не можеме да речеме дека сообраќајната култура и етиката во сообраќајот се на задоволително ниво, порача Кожуваровска.

Загинати 114 лица во 106 сообраќајки во периодот јануари-ноември годинава

Во текот на годинава заклучно ноември, на македонските патишта се случиле вкупно 106 сообраќајни незгоди со смртни последици, во кои животот го загубиле 114 лица, информираше претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Гордана Кожуваровска, на брифинг со медиумите.

Посочи дека се бележи намалување на бројот на сообраќајни незгоди со загинати лица во однос на претходната 2022 година во која се случиле вкупно 109 сообраќајни незгоди со 116 загинати лица.

-Безбедноста во сообраќајот е императив на сите субјекти од областа на сообраќајот, но е значајна и за секој човек бидејќи секој на свој начин е учесник во сообраќајот. Секојдневно сме сведоци на голем број сообраќајни незгоди кои често имаат и несакани последици. За жал сѐ уште не можеме да речеме дека сообраќајната култура и етиката во сообраќајот се на задоволително ниво, порача Кожуваровска.

Во делот на превенција, Кожуваровска вели клучно е да се работи на подигање на свеста на сите учесници во сообраќајот, како и на изградување на систем на општествени вредности во кој безбедноста и етиката во сообраќајот ќе заземат соодветно место.

-Во 2023 година РСБСП реализираше голем број на превентивни и едукативни кампањи од кои како позначајни се издвојуваат „Зимска и новогодишна кампања“, кампањата „Возете внимателно за празникот на љубовта и виното“, кампањата за 8 март „Биди горда што возиш безбедно“, потоа кампањите „Стави појас“, „И јас и ти сите сме пешаци“, „Јас внимавам и безбедно возам“, кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот, кампања за матуранти „На матурска вечер без автомобил“, како и кампања „Да ја победиме сообраќајната некултура, изјави Кожуваровска.

Кампањите биле поддржани и реализирани во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност Скопје, како и со општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Најнови вести од Македонија

To top