Македонија ЈП „Улици и патишта“

Времен режим на сообраќај на крстосница булевар АСНОМ со улица Февруарски Поход

За време на изведување на работите сообраќајот ќе се одвива непречено, но отежнато.

Времен режим на сообраќај на крстосница булевар АСНОМ со улица Февруарски Поход

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје, Ве известува дека на ден 22.12.2023год./петок/ во 8:30 часот екипи одговорни за одржување на светлосната сигналзиација на градските сообраќајници ќе почнат со реализација на активности за монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови на крстосницата помеѓу булевар АСНОМ и улицата Февруарски Поход.

За време на изведување на работите сообраќајот ќе се одвива непречено, но отежнато. По должината на улица Фебруарски Поход нема да има прекин во сообраќајот, туку тој ќе се одвива наизменично и парцијално по една сообраќајна лента во правец, а на бул.АСНОМ кон ул.Февруарски Поход ќе бидат слободни десните вртења за да можат автобусите непречено да движат, а возилата ќе ја користат истата лента, а и околните сообраќајници околу паркиралиштата.

Најнови вести од Македонија

To top