Познати

Водителката на „Ѕвездите на гранд“ го покажа трудничкиот стомак – од ден на ден тој се поголем (ФОТО)

Водителката на „Ѕвездите на гранд“ го покажа трудничкиот стомак – од ден на ден тој се поголем (ФОТО)

Водителката Сања Кужет неодамна поради блажената состојба реши да се повлече во медиумска илегала и да ја напушти емисијата „Ѕвездите на Гранд“ која дотогаш ја водеше.

Убавата водителка на споменатата програма за таленти присуствуваше на градски настан, а во таа прилика го покажа трудничкиот стомак кој секој ден е се поголем.

Сања носи тесен црн фустан кој го истакнуваше нејзиниот стомак, а многумина коментираа дека бременоста одлично и прилега, и дека никогаш не изгледала поубаво.

Да потсетиме, откако Сања Кужет ја напушти „Ѕвездите на Гранд“ поради бременоста, се крена полемика околу тоа кој би можел да ја замени во улогата на водителка на популарното натпреварување.

Продукцијата „Гранд“ неодамна објави анкета во која се прашува кого публиката би сакала да види на местото на Сања. Прва на листата беше Сања Ќулибрк, една од водителките на „Гранд“ која веќе еднаш ја замени Сања Кужет. Потоа се Ана Севиќ, Ена Попов, Драгана Катиќ, Бојана Лазиќ, а шестото име на листата е Јована Јеремиќ.

Најнови вести од Познати

To top