Кошарка

Вашингтон го отпушти Вес Анселд

Вашингтон го отпушти Вес Анселд

Американецот Вес Анселд Јуниор повеќе не е тренер на НБА тимот, Вашингтон Визардс, објавија повеќе светски медиуми.

Информацијата ја потврдија и од клубот, а тимот во следниот период ќе биде предводен од неговиот помошник, Брајан Киф.

„После детални разговори со Анселд, заедничка одлука беше да ја прекинеме соработката. Промената беше неопходна за доброто на тимот и сметаме дека овој потег е сосема оправдан. Голема благодарност за досегашниот тренер“, стои во краткото соопштение од управата.

To top