Фудбал

Унаи Емери најдобар во Премиер лигата во декември

Унаи Емери најдобар во Премиер лигата во декември

Tренерот на Астон Вила Унаи Емери ја освои наградата за тренер на месецот во Премиер лигата за декември 2023 година.

Астон Вила во декември изгуби само еден од своите седум натпревари, а успеа да ги победи Манчестер Сити и Арсенал.

За Емери ова е вторпат да биде избран за тренер на месецот, претходно тоа се случи во април 2023 година.

Во овој момент Астон Вила е втора на табелата со 42 бода, три помалку од лидерот Ливерпул.

To top