Македонија вмро-дпмне

УМС постави кутија за донации пред МНР: Искрено сме загрижени за Османи и функционерите на ДУИ чии блиски фирми добиваат милионски тендери, а се жалат дека немаат пари

Искрено и длабоко сме потресени од изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој истакна дека секој месец едвај врзува крај со крај, а многупати, се плаши да не треба да се задолжи кај своите пријатели, изјави денеска Илија Ристески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

УМС постави кутија за донации пред МНР: Искрено сме загрижени за Османи и функционерите на ДУИ чии блиски фирми добиваат милионски тендери, а се жалат дека немаат пари

Во духот на нашиот политички ангажман насочен кон помош на оние кои им е најпотребно, а со оглед на тоа што Османи после 8-ми мај ќе го пратиме во политичка пензија и ќе остане без работа, одлучивме да преземеме акција и да ги направиме неговите опозициски денови поубави.

Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, поставивме кутија за донации пред Министерството за надворешни работи, за што испраќаме апел до сите македонски граѓани да донираат.

ВМРО-ДПМНЕ

Ситуацијата во Македонија, за жал, е дојдена до ниво да можеме да ја опишеме само на саркастичен начин. Додека функционери чии блиски фирми добиваат милионски тендери и се жалат дека немаат, фондовите и институциите под нивна контрола се нефункционални, а ние како млади луѓе сме приморани сопствените средства, да ги двоиме за лекување на нашите сограѓани.

Во ситуација кога над 600.000 наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден, кога потрошувачката кошница е 60 илјади денари, а платите изнесуваат околу 30.000 денари, безобразно е Бујар Османи да се жали со неговите над 120.000 денари плата.

Деновите до крајот на ова безредие се одбројани. Македонија наскоро повторно ќе добие политичари кои се чесни, нова генерација на лидери кои ќе се грижат не за сопствениот џеб, туку за оние на кои помошта им е најпотребна, истакна Ристески.

Најнови вести од Македонија

To top