Фудбал турција во исчекување

Талентот на Реал, Арда Ѓулер никако да дебитира – пак се повредил!

Веста ја соопшти „Ас“, а потоа ја потврдил и Карло Анчелоти. И самиот најавуваше дека младиот фудбалер ќе добие шанса месецов, па затоа беше на клупата на дуелите со Рајо Ваљекано и со Брага во Лигата на шампионите.

Талентот на Реал, Арда Ѓулер никако да дебитира – пак се повредил!

Најголемиот турски, фудбалски талент никако да дочека да одигра официјален натпревар во дресот на Реал Мадрид. По серијата повреди, откако пристигна од Фенербахче во Мадрид, денеска стигна вест за нова, тамам кога ја надмина претходната.

Ѓулер овој пат скинал мускулно влакно во квадрицепсот на десната нога и повторно се очекува да отсуствува месец до месец и пол.

Важно е да се напомене дека ова не е обнова на некоја стара повреда, туку нова. Наводно, ја предизвикало претераното форсирање во рехабилитациониот процес, во намера да се врати што побргу.

Веста ја соопшти „Ас“, а потоа ја потврдил и Карло Анчелоти. И самиот најавуваше дека младиот фудбалер ќе добие шанса месецов, па затоа беше на клупата на дуелите со Рајо Ваљекано и со Брага во Лигата на шампионите.

Арда Ѓулер има 18 години и дојде од Фенер за 20 милиони евра. Уште летоска импресионира со односот на тренинзите и со своите можности, но никако да ги покаже на дело. Настапувал на сите офанзивни позиции, а најдобро се чувствува како офанзивен играч за врска.

To top