Македонија Во пресрет на пролетта и летото

СВР Тетово и Шумска полиција со превентивна активност за опасностите од пожари

Носители на оваа кампања се МВР и “Национални шуми” во содејство со Шумска полиција.

СВР Тетово и Шумска полиција со превентивна активност за опасностите од пожари

Полициски службеници од Отсекот за превенција на СВР Тетово и Одделението за внатрешни работи Гостивар во содејство и координација со гостиварската Шумска полиција вчера спроведоа превентивна активност за опасностите од настанување шумски и полски пожари на подрачјето.

-На поголем број граѓани, претежно возачи, на неколку места им се делеа летоци со информации и совети – како да постапуваат и на што да обрнат внимание доколку се движат или работат на нивите или во шумата. Притоа, посебно им беше укажано да не фрлаат опушоци и догорчиња, да не палат отпадоци, меѓи и стрништа на нивите или излетнички огнови на отворен простор. Граѓаните, исто така, беа запознати и со законските импликации предвидени за намерно или предизвикување пожар од невнимание, зависно од околностите и крајните последици, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Вчерашната активност во Гостивар е во функција на подигнување на свеста кај граѓаните да бидат максимално внимателни претстојната пролет и лето, дотолку повеќе што во тие месеци се случуваат и најголемиот број од пожарите на поширокото гостиварско подрачје.

Носители на оваа кампања се МВР и “Национални шуми” во содејство со Шумска полиција.

Најнови вести од Македонија

To top