Македонија Информирани за надлежностите

Студенти од Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во посета на Уставниот суд

Во рамки на нивната посета студентите имале можност да направат обиколка во Уставниот суд и да се запознаат со условите за работа на вработените од стручната служба во Судот. 

Студенти од Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во посета на Уставниот суд

Дваесетина студенти од Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа го посетиле Уставниот суд на Република Македонија.

Студентите придружувани од професорот Блертон Синани се интересирале за начинот на кој се носат одлуките, изборот на уставни судии и спроведувањето на одлуките на Уставниот суд во праксата.

Генералниот секретар на Уставниот суд, Александар Лазов и портпаролката Христина Беловска ги информирале за надлежностите и улогата на Судот, кадровските капацитети и работењето на Уставниот суд.

Во рамки на нивната посета студентите имале можност да направат обиколка во Уставниот суд и да се запознаат со условите за работа на вработените од стручната служба во Судот. 

To top