Македонија Ќе дува силен ветер и над 60 km/h.

СТУДЕН БРАН: До недела дожд, на планините нова снежна покривка до 25 сантиметри

Од недела времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден.

СТУДЕН БРАН: До недела дожд, на планините нова снежна покривка до 25 сантиметри

Под влијание на влажен и студен бран денеска и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, сопшти УХМР.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, каде локално ќе наврнат над 30 л/м2. На планините ќе се формира нова снежна покривка од 15 до 25 см, а на повисоките места од 10 до 15 см.

Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има појава на голомразица.

Ќе дува засилен северен ветер (и над 60 km/h).

Од недела времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден.

Во Скопје денеска и утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни. Во повисоките делови од котлината во текот на ноќва и утре врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува засилен северен ветер.

To top