Останати спортови

Струмица првпат во историјата го освои Купот на Македонија

Струмица првпат во историјата го освои Купот на Македонија

Женскиот одбојкарски клуб на Струмица креираше клупска историја откако со убедливи 3-0 (25-20, 25-12, 25-14) го совлада тимот на Јанта Волеј во финалето на завршниот турнир од Купот на Македонија кој се играше во Штип.

На струмичанки им требаа само 80 минути за да дојдат до трофејот, беа далеку подобри од ривалот и остварија голем успех.

Јанта Волеј пружи отпор само во првиот сет кој Струмица го доби со 25-20, во останатите беше 25-12 и 25-14.

Душка Здјелар со 15 поени и денеска беше најдобар поентер кај Струмица со 15 реализации, Шчекиќ имаше 12 поени, додека Хаџи-Тосева заврши со седум поени.

Поврзани теми

To top