Останати спортови сподели впечатоци од „клаустрофобичниот“ прототип на Алпин

Шумахер бара втора шанса во Формула 1

– Знам дека ги имам вештините, доволно сум добар. Тоа го покажав во Формула 4, Формула 3 и Формула 1. Фактот дека сум победувал на трки и титули лесно се заборава. Докажав дека освен со возење можам да се справам и со притисокот. Во Формула 1 не е поинаку, рече Шумахер.

Шумахер бара втора шанса во Формула 1

Мик Шумахер помина две години како стартер во Формула 1 со тимот на Хас во 2021 и 2022 година, но не успеа да покаже за што е способен и го загуби местото во американскиот тим.

Потоа тој се пресели во Мерцедес, каде ја презеде позицијата резервен возач и од клупата ја следеше целата сезона во 2023 година. Во 2024 година повторно ќе биде резерва на тимот од Бракли, а паралелно со обврските кон него, Германецот ќе настапи на Светското првенство во издржливост (ВЕЦ) со тимот на Алпин.

Шумахер ги сподели своите први впечатоци од „клаустрофобичниот“ прототип на Алпин.

Во интервју за германскиот весник Билд, синот на Михаел Шумахер изјави дека мисли дека заслужува уште една шанса да биде стартер во Формула 1. Според него, тој ги има потребните вештини и тоа го докажал во младинските првенства, во кои освои две титули, во Европската Формула 3 во 2018 година и во Формула 2 во 2020 година.

– Знам дека ги имам вештините, доволно сум добар. Тоа го покажав во Формула 4, Формула 3 и Формула 1. Фактот дека сум победувал на трки и титули лесно се заборава. Докажав дека освен со возење можам да се справам и со притисокот. Во Формула 1 не е поинаку, рече Шумахер.

Новата сезона во Формула 2 шампионатот ќе почне на 2 март со етапата во Бахреин.

To top