Македонија Богојавление

Штип, Карбинци и Пробиштип се подготвуваат за Водици

Општините Штип, Пробиштип и Карбинци се подготвуваат за големиот христијански празник Богојавление Водици. Свештиникот во Брегалничката епархија, Добрица Јанев за МИА вели дека во Општина Штип до сега се пријавени 50 граѓани, од кои 40 граѓани по светиот крст ќе скокаат во река Брегалница од мостот кај Астибовата градинка, а уште десет лица се пријавени кои ќе се фрлаат во водите на река Брегалница во штипско Ново Село. Посочува дека овој број до петок ќе биде зголемен, оти пријавувањето е се уште е во тек.

Штип, Карбинци и Пробиштип се подготвуваат за Водици

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов информира дека на три локации крстот ќе се фрли во водите во Општина Карбинци.

-Се работи за добро познати локации во три населени места, во Долни Балван, Карбинци и Таринци ќе се фрла крстот. Очекува да има заинтересираност кај младите за фрлање по светиот крст и порачувам празникот да помине во добро светло, вели Паунов.

Раде Илиевски вработен во Општина Пробиштип вели дека Злетово е единственото место во државата каде по светиот крст во Злетовска река традиционално скокаат само младоженци. Во Пробиштип може да се капат сите заинтересирани лица.

-Во Злетово во раните утрински часови во 7 часот во водите на Злетовска река ќе биде положен светиот крст, а по него исклучиво по стара традиција се капат младоженците. По тоа сме уникатни и единствени во целата држава. Потоа во 11 часот во Пробиштип на Аква паркот сите кои се сакаат да се фрлат по крстот имаат можност за тоа, вели Илиевски.

Свештиниците од Брегалничката епархија информираат дека пријавените кандидати мора да имаат и задолжителен лекарски преглед, за којшто ќе бидат и навреме информирани.

Најнови вести од Македонија

To top