Познати Регионот се крена на нозе

Северина го прекршила законот: Следува присилно одземање на детето?!

Адвокатот Александар Радивојевиќ за ТВ Пинк изјави дека пејачката со оваа постапка директно го прекршила законот.

Северина го прекршила законот: Следува присилно одземање на детето?!

Изминативе денови многу се зборуваше и пишуваше за одземањето на старателството над синот на пејачката Северина Вучковиќ од неговиот татко Милан Поповиќ.

Целиот регион се крена на нозе поради ваквиот исход на судскиот процес. Додека едни од срце ја бранат Северина, други се сомнителни бидејќи и таа и Милан, како што пренесуваат медиумите, имаат своја верзија на приказната.

На крајот судот пресече и целосното старателство му доделил на таткото, но според медиумите Северина ја игнорирала оваа одлука и одбива да му го предаде детето на Милан.

Адвокатот Александар Радивојевиќ за ТВ Пинк изјави дека пејачката со оваа постапка директно го прекршила законот.

-Адвокатот на таткото кој всушност доби старателство, а не го доби детето за да се грижи за него, мора да ја започне извршната постапка. Болно е, се разбира, трауматично за децата, но тоа е нешто што треба да го направи со помош на полицијата, извршители и слично, вели адвокатот.

Тој открива како одземањето на детето, како една од најрадикалните мерки,  се спроведува во пракса.

-Тоа значи дека треба да најде каде е детето, да му биде предадено на згрижување и воспитување, а потоа мајката контактира со детето како што е договорено, дали секој втор викенд или и во среда… Единствено решение е присилното извршување на судската одлука, рече адвокатот.

Најнови вести од Познати

To top