Македонија

Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина и Ратка Куновска Камчева ставени на црната листа на САД

Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина и Ратка Куновска Камчева, како и компаните „Систина Лајф Кеар Центар“, „Орка Холдинг“, „Бет сити“, „Орка Фајнанс“ и „Камчев консалтинг“, се ставени на т.н американска црна листа, соопшти попладнево американското Министерство за финансии.

Американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер во објава на Фејсбук истакна дека соопштението е предупредување за поединци кои ја злоупотребуваат својата моќ и ја искористуваат довербата на народот дека САД бараат одговорност од корумпираните актери.

-Оваа ознака е потсетник дека со кого соработувате може и ќе влијае на вас и на вашето семејство, напиша во објавата Агелер.

Најнови вести од Македонија

To top