Познати

Селин Дион отворено за нејзината дијагноза: Едно од најтешките искуства во мојот живот

На фотографијата на која позира со своите синови, таа ја сподели приказната за нејзината борба со синдромот на вкочанета личност, кој и беше дијагностициран во 2022 година.

Селин Дион отворено за нејзината дијагноза: Едно од најтешките искуства во мојот живот

Пејачката Селин Дион преку својот Инстаграм профил се осврна на автоимуното нарушување од кое боледува.

На фотографијата на која позира со своите синови, таа ја сподели приказната за нејзината борба со синдромот на вкочанета личност, кој и беше дијагностициран во 2022 година.

„Денес светот го слави Меѓународниот ден за подигање на свеста за SPS. Како што многумина од вас знаат, есента 2022 година ми беше дијагностициран синдром на вкочанета личност“, напиша таа на почетокот на објавата.

-Обидот да го надминам ова автоимуно нарушување беше едно од најтешките искуства во мојот живот, но останувам решенa еден ден да се вратам на сцената и да живеам што е можно понормален живот. Длабоко сум благодарнa за љубовта и поддршката на моите деца, семејството, тимот и сите вас. Сакам да го испратам моето охрабрување и поддршка до сите оние ширум светот кои беа погодени од SPS. Сакам да знаеш дека можеш да го направиш тоа! Можеме да го направиме тоа“, објасни таа.

Дион има медицинска состојба, која е прогресивна и неизлечива, предизвикува телото да ги напаѓа сопствените неврони и сериозно влијае на подвижноста. Нејзината постара сестра Клодет рече дека Селин се бори и покрај тоа што нема контрола над нејзините мускули.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Најнови вести од Познати

To top