Фудбал Поради нарушени односи со газдите

Рома го менува спортскиот директор

Рома го менува спортскиот директор

Управата на италијанскиот прволигаш Рома, официјално објави дека ја прекинува соработката со досегашниот генерален менаџер, Тиаго Пинто.

Португалецот ја извршуваше оваа функција од 2021 година, но сопственикот на „волчицата, Дан Фридкин, реши да го отпушти и тој ќе замине од Рим веднаш по завршувањето на јануарскиот преоден рок.

„Би сакале да му се заблагодариме на Тиаго за неговата успешна работа и за сѐ што направи за нашиот клуб во изминатиот период. Тој ќе остане кај нас до крајот на јануари, а потоа управата ќе назначи нов генерален менаџер и спортски директор. Се надеваме дека новите имиња ќе бидат објавени до крајот на оваа недела“, се вели во краткото соопштение од Рома.

To top