Ракомет се е познато

РК Вардар ги почнува подготовките на осми јануари

РК Вардар ги почнува подготовките на осми јануари

Тренерот Владо Недановски ќе ги повика ракометарите на прозивка на осми јануари 2024 година. На првиот тренинг се очекува потврдување на ростерот од есенскиот дел и доведувањето на десниот бек од Тунис, Мохамед Тавфик Бакар. Тој доаѓа како замена за Виктор Алонсо, кој се врати во Косово..

Започнаа и преговорите со Милан Лазаревски и Косуке Јасухира за продолжување на соработката која истекува согласно договорот во јуни 2024 година. Не е исклучена можноста за уште некое засилување, но мала е веројатоста дека тоа би пристигнало во јануари.

Предвидено е комплетните зимски подготовки вардарци да ги минат во Скопје. Првиот натпревар од плеј-офот е во втората недела на февруари 2024 година во Битола против Еурофарм Пелистер.

To top