Фудбал

Разделбата е се поблиску помеѓу Наполи и Осимен

Разделбата е се поблиску помеѓу Наполи и Осимен

Италијанскиот шампион Наполи сака да го задржи во своите редови напаѓачот Виктор Осимен, но засега нема напредок во преговорите, пишува весникот „Ил Матино“.

Според весникот, сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е убеден дека ќе го задржи Осимен на „Диего Марадона“, но засега ниту една од 13-те средби не вродиле со плод.

Желбата на Де Лаурентис е Осимен да потпише нов договор со Наполи до 2027 година, и тоа не е проблем за двете страни, туку главната пречка во преговорите е платата.

Напаѓачот очекува со новиот договор да заработува најмалку 10 милиони долари по сезона, но Де Лаурентис не е подготвен да му ја исполни оваа желба.

Доколку пропаднат преговорите, следна дестинација на Осимен би требало да биде или Премиер лигата или Саудиска Арабија.

To top