Ракомет Голем резултат за македонскиот шампион

Ракометарките на Ѓорче Петров изборија осминафинале во Европскиот куп

Ракометарките на Ѓорче Петров изборија осминафинале во Европскиот куп

Ракометарките на Ѓорче Петров се пласираа во осминафиналето на ЕХФ Купот.Тие и по втор пат беа подобри од белгиската екипа Ојпен во втората рунда од квалификациите.

Откако првиот меч на гости го добија со 8 разлика (46-39) пред својата публика „Лавиците“ славеа убедливо со 12 разлика.

Иако гостинките во првото полувреме беа рамноправен противник, неколкупати имаа и гол предност, сепак во второто беа тотално надиграни.

По нерешените 24-24, ѓорчепетровки направија серија со 7-0 и се одлепија. Таквата предност рутинирано ја одржуваа за на крајот да слават со конечни 48-36.

Во редовите на Ѓорче Петров Ана Марија Коларовска и Емилија Ризоска постигнаа по 11, а Марија и Ангела Јанкуловски по седум.

Со четирите победи во исто толку одиграни средби, екипата на Ѓорче Петров се пласира во осминафиналната рунда.

To top