Свет „Тајмс оф Израел“

Ракета истрелана од Појасот Газа кон јужен Израел, нема жртви

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно денеска објавија дека продолжуваат интензивните борби во јужниот дел на Појасот Газа во Кан Јунис, каде што беа убиени бројни оперативци на Хамас.

Ракета истрелана од Појасот Газа кон јужен Израел, нема жртви

Една ракета е истрелана утрово од Појасот Газа кон градот Сдерот на југот на Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Проектилот паднал врз ненаселена област надвор од градот.

Службите за итни случаи соопштија дека не добиле извештаи за повредени по нападот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно денеска објавија дека продолжуваат интензивните борби во јужниот дел на Појасот Газа во Кан Јунис, каде што беа убиени бројни оперативци на Хамас. (МИА)

To top