Останати спортови

Рафаел Надал се враќа на тенисот по Божиќ

Рафаел Надал се враќа на тенисот по Божиќ

Шпанските медиуми објавија дека Рафаел Надал ќе се врати на тениските терени и ќе настапи на Австралијан опен.

Надал пред неколку недели доби дозвола од докторите да почне со тренинзи, а шпанското радио „Кадена Сер“ објави дека тој ќе замине во Австралија по Божиќ на 25 декември.

Постои можност да одигра и уште еден подготвителен турнир, иако за такво нешто засега нема потврда од самиот тенисер. Надал во меѓувреме доживеа голем пад на АТП-листата и во моментов е на 663. место, но секако ќе настапи на Австралијан опен

To top