Кошарка

Работнички го победи МЗТ Скопје Аеродром во градското дерби

Работнички го победи МЗТ Скопје Аеродром во градското дерби

Кошаркарите на Работнички триумфираа над МЗТ Скопје Аеродром со 95-91 во 164. пресметка меѓу вечните градски ривали и му го нанесоа вториот пораз во серија на актуелниот македонски шампион.

По 15. одиграни кола во Првата лига, кошаркарите на МЗТ Скопје останаа на лидерската позиција со скор од 12. победи и три порази, а Работнички е второпласиран со 11. победи и четири порази.

Декоси беше најефикасен во редовите на Работнички, реализирајќи 23. поени.Во вториот натпревар вечерва во рамки на 15 коло, кошаркарите на ТФТ Моцарт извојуваа гостинска победа над Навико Академија ФМП со 90-62.

To top