Свет британците реагираат

Проектил погоди британски брод во Црвеното Море

Британски товарен брод наводно бил погоден со проектил додека бил во Црвеното Море, соопшти денеска безбедносна компанија Амбри.

Проектил погоди британски брод во Црвеното Море

Британски товарен брод наводно бил погоден со проектил додека бил во Црвеното Море, соопшти денеска безбедносна компанија Амбри.

„Британски товарен брод под знамето на Бахамите, наводно, бил нападнат со проектил додека го минувал Црвеното Море, приближно 34,5 километри северозападно од Мока, Јемен“, наведе компанијата Амбри.

„Наводно, товарниот брод бил погоден со проектил, а екипажот се повлекол внатре“, додаваат тие.

Претходно, United Kingdom Maritime Trade Operations” (UKMTO) соопшти дека добиле извештај за активност на беспилотни летала, „вклучувајќи и потенцијална експлозија“, во близина на Баб ел Мандеб што доаѓа од правец на Јемен“.

Британската војска издаде кратко предупредување до испраќачите дека инцидентот се случил во теснецот Баб ел-Мандеб што ја дели Источна Африка од Арапскиот Полуостров. UKMTO соопшти дека во областа е забележана и активност на беспилотни летала.

Баб ел-Мандеб го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив. Областа беше место на серија напади во последниве недели што им се припишуваат на бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран. Тие, исто така, истрелаа ракети и беспилотни летала кон Израел поради неговата војна против Хамас во Газа. Бунтовниците го зазедоа трговскиот брод „Galaxy Leader“ со 25 членови на екипажот на 19 ноември. „Galaxy Leader“ беше во сопственост на јапонска бродска компанија, но припаѓа на британска компанија која и самата е во сопственост на израелски бизнисмен.

Хутите досега не го признаа инцидентот што се случи во неделата.

To top