Свет палатата Кристијансборг

Пожар избувна во зградата на Берзата во Копенхаген, нејзиниот врв се урна

Се урна симболичниот врв во облик на заплеткани опашки на четири змејови, висок 56 метри.

Пожар избувна во зградата на Берзата во Копенхаген, нејзиниот врв се урна

Пожар изутрината го зафати покривот на 17-годишната зграда на Берзата во Копенхаген, која е една од најстарите згради во градот, јавуваат медиумите.

Зградата која се наоѓа веднаш до палатата Кристијансборг, каде што се наоѓа Парламентот, е популарна туристичка атракција.

Се урна симболичниот врв во облик на заплеткани опашки на четири змејови, висок 56 метри.

Големи облаци чад се издигнуваат над центарот на Копенхаген и се гледаат луѓе кои трчаат во зградата за да ги спасат сликите. Данските медиуми јавуваат дека анексот на Парламентот е евакуиран.

Полицијата и пожарникарите се пред зградата, која е опкружена со скелиња. Пристигнала и Итна помош, но нема информации за жртви.

Најнови вести од Свет

Теми на денот

To top