Свет

Почина 15-годишниот ученик кој беше претепан пред училиште во јужна Франција

Јавното обвинителство соопшти дека отворило истрага за убиството на момчето, а локалните власти соопштија дека на учениците и професорите ќе им биде укажана психолошка помош.

Почина 15-годишниот ученик кој беше претепан пред училиште во јужна Франција

Петнаесетгодишниот ученик, кој беше тешко претепан во близина на своето училиште во градот Вири Шатијон на југот на Франција, почина денеска во болницата каде беше префрлен поради срцев застој, соопштија властите.

Според локалните медиуми, тинејџерот бил нападнат од неколку лица додека го напуштал училиштето, пренесува „Гардијан“.

Јавното обвинителство соопшти дека отворило истрага за убиството на момчето, а локалните власти соопштија дека на учениците и професорите ќе им биде укажана психолошка помош.

Тоа е еден од најновите насилни инциденти во француските училишта, откако неделава една тинејџерка привремено беше во кома откако беше претепана пред своето училиште.

Најнови вести од Свет

To top