Останати спортови

Откажан е супервелеслаломот во Вал ди Фаси

Откажан е супервелеслаломот во Вал ди Фаси

Поради лоши временски услови откажана е и втората супервелеслаломска трка за жени во рамки на Светскиот куп во италијанскиот Вал ди Фаси, објавија организаторите на натпреварувањето.

Поради премногу снег во италијанскиот скијачки центар, алпските скијачки сега се селат во Норвешка каде што ќе се натпреваруваат во спуст и Супер-Џи за бодови од Светскиот куп, а натпреварувањето продолжува следната недела во Квитфјел.

Во отсуство на повредената Микаела Шифрин, 32-годишната Швајцарка Лара Гут-Бехрами, води во поредокот со 1.414 бодови на осум трки до крајот на сезоната, додека Шифрин заостанува 205 бодови.

To top