Република наплатени 7 отсто повеќе од планираното

Општина Штип бележи зголемен приход од данокот на имот

Општина Штип бележи зголемен приход од данокот на имот

Општина Штип на крајот од годината бележи зголемен приход од наплатата на данокот на имот. Драган Каров раководител на Одделението за администрирање на приходи во Општина Штип вели наплатени се 7 отсто повеќе од планираното, а имајќи ги предвид и заостанатите долгови. Но, тој додава дека сепак од решенијата за тековната година се наплатени само 63 отсто. Ваквиот процент е сличен како и минатата година, кога беа наплатени 65 проценти од изготвените решенија за 2022 година. Не се наплатени 18 милиони денари од она што значи данок на имот за тековната година.

-Од планирани 38 милиони денари во Буџетот, досега наплатени се 51 милиони денари или тоа е околу 107 отсто, односно 7 проценти над планираното. Во однос на решенијата од 2023 година, досега се наплатени 63 отсто, односно од планирани 48 милиони денари, наплатени се 30 милиони денари. Сакаме да апелираме дека оние коишто не си ги платиле своите даночни обврски да ги платат, рече Каров.

Тој додаде дека тековно се реализира и присилната наплата која, реално, има ефект, а доказ за тоа е и фактот што се наплатени повеќе од заостанатите трошоци за минатите години и приходите се над планираното. Минатата година мерката присилна наплата беше применета на околу 2.000 физички и правни лица.

-Во моментов како и претходната година, така и оваа година тече процесот за присилна наплата. За сите оние коишто не ги платиле оврските за данок на имот од претходните години, се изготвуваат решенија, се доставуваат до обврзниците и потоа се доставуваат до банка за наплата по истите, изјави Каров.

Посочи дека во период кога е актуелна промената на личните документи, мора да се напомене дека тоа треба да се пријави и во Даночното одделение во Општина Штип со цел да имаат точна база на податоци и доставата на решенијата да биде во ред.

To top