Хроника без возачка дозвола

МВР: 100 санкционирани возачи на територијата на општина Велес

Од казнетите возачи, 30 се за возење без возачка дозвола, четири санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, соопштија МВР.

МВР: 100 санкционирани возачи на територијата на општина Велес

Во текот на вчерашниот ден (06.04.2024) во периодот од 12.00 до 17.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Велес, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, стои во денешното соопштение од Министерство за внатрешни работи.

-При контролата санкционирани се 100 возачи, од кои 30 за возење без возачка дозвола, четири санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопштија.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, потенцираа во соопштението.

To top