Кошарка ЕВРОЛИГА

Монако ја прекина победничката серија на Басконија, пораз на Ц.Звезда и Партизан

Монако ја прекина победничката серија на Басконија, пораз на Ц.Звезда и Партизан

Партизан и Црвена Звезда имаа големи очекувања во оваа сезона во Евролигата, но резултатите се далеку од оние што се очекуваа, па по десет кола клубовите од Белград имаат по шест, односно седум запишани порази.

„Црно-белите“ загубија во Истанбул од Анадолу Ефес со 100:94, додека пак Звезда беше срушена на свој паркет од Армани Милано со 93:71.

Триумфот на Ефес го одбележаа Ларкин со 27 и Томпсон со 18 кошеви, додека пак Ло со 32 поени ги потопи „црвено-белите“.

Монако пак ја прекина победничката серија на Басконија и тоа со ѕверското забивање на Блосомгејм пред звукот на сирената (77:75), додека Олимпијакос немаше проблеми во средбата со Жалгирис (89:72).

 

To top