Вести полицијата ги открила

Мигранти од Индија, Бангладеш и Непал фалсификувале исправи, поднесени кривични пријави

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(32) од Индија, Џ.А.(23) од Бангладеш, П.Т.(26), Т.П.(25), С.К.(29) и Ј.К.(42), сите од Непал, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Мигранти од Индија, Бангладеш и Непал фалсификувале исправи, поднесени кривични пријави

На 24.12.2023 на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при пасошка контрола, Б.С. и Џ.А. на увид приложиле фалсификувани документи за привремен престој во Кипар, додека J.K., П.T., П.T. и С.К. на увид приложиле фалсификувана виза.

Најнови вести од Вести

To top