Фудбал завршува една ера во Мадрид

Лука Модриќ добива богат договор во Саудиска Арабија?

Лука Модриќ добива богат договор во Саудиска Арабија?

Славната етапа на Лука Модриќ во редовите на Реал Мадрид полека завршува, а за тоа пристигнува потврда и од Шпанија.

Хрватскиот репрезентативец летово го продолжи договорот со „кралевите“, но сезонава не добива голема минутажа и јасно е дека наскоро ќе замине од мадридскиот гигант.

Како наведува порталот „Тодофицијалес“, Модриќ веќе ги информирал челните лица дека ќе замине од Реал и најверојатно ќе се пресели во Саудиска Арабија, каде ќе потпише со Ал-Наср, тимот во кој настапува и Кристијано Роналдо.

Хрватот воедно имал солидна понуда и од Интер Мајами, но сепак изгледа се решил за премин на арапскиот континент, каде најверојатно ќе се обврзе на двегодишна соработка.

To top