Фудбал

Луис Енрике: Имаме квалитет да ја победиме во Барселона

Луис Енрике: Имаме квалитет да ја победиме во Барселона

Луис Енрике е поранешен фудбалер и последен тренер кој на Барса и го донесе трофејот во Лигата на шампионите (2015 година). Тренерот на Пари Сен Жермен верува во својот тим и покрај победата на Барселона на „Паркот на принцовите“.

„Резултатот е големо разочарување за нас. Штета е затоа што мислам дека го почнавменатпреварот како што треба. За жал, примивме гол и на одмор имавме негатива. Второто полувреме започна на најдобар начин, успеавме да ја свртиме ситуацијата и бевме подобри, но наеднаш го примивме вториот гол. Создадовме некои шанси, двапати ја погодивме рамата од голот.

Имаме доволно дух и квалитет да одиме во Барселона и да се обидеме да победиме. Го имаме и Хакими кој се враќа. Мора да дејствуваме како тим, само со таков став и посветеност можеме да се обидеме да победиме во Барселона“, вели Луис Енрике.

To top