Фудбал

Лига Европа: Ливерпул и Рома пред четвртфинале

Лига Европа: Ливерпул и Рома пред четвртфинале

Фудбалерите на Рома и Ливерпул забележаа вечерва високи победи во воведните осминафинални дуели во Лига Европа и се пред пласман меѓу осумте најдобри екипи во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Рома на домашен терен го совлада Брајтон со 4-0, со головите на Дибала (13), Лукаку (43), Манчини (64) и Кристанте (68).

Ливерпул на гостување во Прага триумфираше над Славија со 5-1. Двоен стрелец беше Уругваецот Нуњез (25, 45+3), а во листата стрелци се запишаа и Мек Алистер (6), Дијаз (53) и Шобошлај (90+5). Нивниот соиграч Бредли постигна автогол во 46 минута.

Водечкиот тим во Бундеслигата, Баер Леверкузен, избегна пораз на гостувањето во Баку (2-2), откако Карабах поведе со головите на Бензија 926) и Жуњино (45+4), а германскиот тим одговори преку Вирц (70) и Шик (90+2).

To top