Колумни

Лет над кукавичјото гнездо

Истовремено, додека Аљи се мислеше во кое следно министерство да заигра шота, Кривичниот суд се мислеше како да ги оправда двајцата судии кои ги определија овие цепки-мерки за тепачите на М-НАВ.

Лет над кукавичјото гнездо

Додека Таче на непослушните и професионални контролори на летање кои се одважија да протестираат им местеше упад на Финансиска полиција, Али по навика местеше ново унуче за директор на институцијата во која пред 5 дена неговиот башибозук делеше шамари и клоци. Имаше многу илјади причини за истото. Во евра, се разбира…

Оваа летачка трагикомедија, пак, се случува во исто време кога Стево, кој не мрдна со прст и дава сесрдна поддршка за она на „С“, во пуста желба и од силен мерак за нов мандат траорно се залета и залелека дека власта требало на измрзнатите и напатени граѓани да има даде рок до есен за смена на документите.

Истовремено, додека Аљи се мислеше во кое следно министерство да заигра шота, Кривичниот суд се мислеше како да ги оправда двајцата судии кои ги определија овие цепки-мерки за тепачите на М-НАВ.

Едно, те исто, би рекол Рамбо Амадеус. По таа логика, Балканот и светот и натаму се ругаа со Македонија. Северна класика, оти по кривата, „за греота“ елка насадена од шахистката Данела со која веќе никој нормален не сака да игра ни шах, па мораше за тоа да ја искористи својата желба кај Дедо Мраз, сега сите се спрдаа со дуивистичката акциона пародија на комедијата „Има ли пилот во авионот?“, преименувана во „Има ли неисшамаран контолор во кулата за летови?“

А, чуму и толку се потресоа и Еуроконтрол, та холандскиот амбасадор припадна, кој се не ги изнашљака северните функционери? Та, сето ова заради една обична семејна расправија ли? Не е фер, нели? Се скарале во фамилија, ту-ту, па се изнашљакале. Ништо страшно, „се дешава“, де-де? Па, не ни пукаа. А, знаат. Богами, гарант и имаат со што. Ниту „пајакот“ не го викнаа за да се самоизудираат контролорите. Многу беа примерни, мора да се признае…

И додека сите со неверица гледаа во авторите на најглупандерското „семејно“ објаснување во историјата за случај со газење и тепање во кула за контрола на летови додека над македонското небото фрчеа 40 авиони, логичното прашање гласеше: Алооо, дали сте бре нормални!

Ок, не се, но ова со нормалноста ме потести на поверојатната ненормалност и лудост како извор на злодејанијата. А „летањево“ шлаканици по контрола на летање на едно дело на Кен Кеси филмувано од Милош Форман. Култен филм.

Се вика „Лет над кукавичјото гнездо“. А, чуму не и кукавица да се вмеша, кога за орелот-командант Али Контролата на летање и М-НАВ е златна кокошка, чии златни јајца и брдо пари ги ползува преку десната рака – паунот Артан, лпј нон-стоп се шепури и аздисува  благодарение на „големата коалициска душа“ на еден Ќуран. Помисир, здравје. Орли, кокошки, кукавици, пауни и мисирки, многу пердуви на едно место, мора да признаеме. Премногу…

Гнездото е на Бихаќка, а снесените кукавичји јајца се Преспанскиот договор/капитулација, Законот за употреба на јазиците, Договорот за не/пријателство со БГ, францускиот/бугарски предлог, Бехтел и Енка, милијардите задолжувања, девастираниот систем, унаказеното судство и мега/партизирано обвинителство, М-НАВ, здравство, одбрана и МВР, како и уште еден куп други подметнати кукавички јајца со кои ќе мора да се справи Македонија со новата влада по мај 2024-та.

Во овој случај, кога гилиптарите од ДУИ со сиот ум не’ убедуваат во некаква семејна расправија, соодветно би дошле зборовите на Мек Марфи (Џек Николсон) од „Лет над кукавичјото гнездо“, кој соочен со сестрата садист во лудницата, ќе смисли „Но, се’ е вистина, па дури и ако не се случило…“ За подоцна, веќе освестен да срочи: „ Размислете за тоа: Можеби,  колку е човек побудала/полуд, толку помоќен би можел да стане. Хитлер на пример.“ Не случајно, нему, на најнормалниот од сите, на крај му направија лоботомија, за да пријателот го „успие“ оти не може да го гледа таков, лоботомиран. Мек Марфи, напати, ми заличе на македонскиот народ. Освестен, нормален, гледа што му се случува и не може да сфати како работите се толку ненормални и одат по ѓаволите и морските вештерки. Како можат да постојат такви луѓе-нелуѓе?

Искрено, се надевам дека „нашата“ северна лоботомија беше само привремена и дека нема да завршиме како него.

И, наеднаш, се сеќавате на „нашите“ властодршци и нивните злодејанија. Ама нешто не ви „штима“, нешто недостига. Не е доволна само лудоста и будалаштините, иако и тоа е обележје на северните политички каскадери кои милуваат да играат „ол-ин“. Каде лежи зајакот? Не треба многу за да ви „текне“ на Црпко и неговиот мал милион гафови и глупости, на нивната продолжена низа и црните бисери на наследникот Ќуран, па си спомнувате на ликовите на целата свита околу него, на путерот на Љупче, на ручеците и возовите на Бифтек-мен, на Света Сава на Обиџуко, на фудбалот и кошевите на Артан Нежни, на Цаци пред цела сала, на недостигот на учебници, на оделцата спремни за на гурбет во Кам, па на 300 милиони евра за едно фејк-минирање, на Рашко, Катица, Боки, Дончев, Павле Бели, па на магарињата на Димова. И? И почнуваат да ви растат уши, нели?

Логичното прашање не е дали, туку како дојдовме до ова дно и до ова дереџе, да не’ водат вакви ќелепури, дрндупки и дунстери на секое можно поле?

Тука, пак, добро објаснување има Карлос М. Ципола, професор од Беркли, кој во своето писание за „Основните закони на човековата глупост“ во првиот закон започнува со констатацијата дека „Секогаш и неизбежно, сите го потценуваат бројот на глупаци кои се во оптек“, за да во Петиот, последен закон појасни  дека би била голема грешка ако веруваме дека бројот на глупави луѓе е поголем во општества во криза отколку во оние кои се развиваат. Разликата меѓу овие две општества, вели Ципола, е што во оние кои лошо функционираат, останатите, умни членови поради тоа што им е преку глава од се’ – им дозволуваат на глупавите луѓе да станат активни и повеќе да дејствуваат.

„Во општества кои одат надолу, уделот на глупавите останува еднаков на просекот, но само во преостанатото население, меѓу оние кои се на власт алармантно се зголемува бројот на разбојници со силни елементи на глупост, проследено со загрижувачки пораст на беспомошни лица меѓу оние кои не се на власт. Таквата промена во составот на населението кое не е глупаво, неминовно ја засилува деструктивната моќ на глупавите и ја зголемува неизвесноста, а земјата лизга кон пропаст“, завршува професор Ципола во далечната 1987-ма година во САД.

2024-та година, ова истото го гледаме во Македонија. Во пракса. Седма година по ред.

Ајде, аман, нека биде последна од низата…

 

To top