Кошарка НБА

ЛА Лејкерс триумфираше над Кливленд, Клиперс подобар од Далас

ЛА Лејкерс триумфираше над Кливленд, Клиперс подобар од Далас

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс славеа на домашен терен со убедливи 107-88 против Далас маверикс. Пол Џорџ со 25 поени беше убедливо најдобриот поединец во победничкиот тим, додека кај поразените залудни беа 30 поени на феноменалниот Лука Дончиќ.

Лос Анџелес лејкерс се вратија на победничките патеки откако славеа на гостувањето кај Кливленд кавалирс со 115-121. Ентони Дејвис со 32 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените се истакна Донован Мичел со 22 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Оклахома – Филаделфија 123-127, Бруклин – Мајами 112-97, Вашингтон – Атланта 108-136 и Јута – Њу Орлеанс 105-100.

To top