Фудбал официјално

Кристијано Роналдо е најефикасен фудбалер во 2023 година

Кристијано Роналдо е најефикасен фудбалер во 2023 година

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и дефинитивно може да се пофали дека е најдобар стрелец во светот за 2023 година.

Роналдо кој е лидер на листата на голгетери со 53 погодоци, не може да биде престигнат од никого. Шанса имаше Ерлинг Халанд кој годинава даде 52 гола, но вечерва на дуелот на Манчестер сити со Евертон, тој не беше во составот на Сити.

Роналдо бројката може дополнително да ја зголеми за три дена против Ал Тавон, но и да не погоди, ќе биде најефикасен фудбалер.

Португалецот кој за еден ипол месец ќе наполни 39 години, одамна спаѓа во редот на ветерани, но тоа не значи дека ја има загубено мотивацијата и желбата за постигнување голови. Напротив, и понатаму безмилосно ги тресе противничките мрежи играјќи за клубот Ал Наср и португалската репрезентација.

To top