Скопје во Домот на култура “Билјана Беличанец”

Кисела Вода: Џез концерт на “Парусион Груп” за сите жени по повод 8 Март

Општина Кисела Вода и “Парусион Груп” ве покануваат на една прекрасна музичка вечер за уживање во традиционалните македонски ритми, но со современ звук. Влезот е бесплатен.

Кисела Вода: Џез концерт на “Парусион Груп” за сите жени по повод 8 Март

Во чест на 8 Март, Општина Кисела Вода ги поканува сите жени на концерт во Домот на култура “Билјана Беличанец”. Во четврток, 7-ми март, со почеток во 20 часот, пред публиката ќе се претстави македонскиот џез-состав “Парусион Груп” со неколку периоди од своето творештво. Премиерно ќе биде изведен новиот материјал “Feel the grooves”, типичен за звукот на денешницата, како и проектот “Агол” од минатата година.

Составот “Парусион Груп” е предводен од Михаил Мишко Парушев, кој е композитор и свири на ударни инструменти. Член на меѓународно признатиот музички бенд „Леб и Сол“. Во 1992 година е прогласен за најдобар тапанар на Скопскиот рок фестивал. Почнувајќи од 1989 година па се досега, тој настапува низ целиот свет со врвни музичари.

Како инструменталисти во “Парусион Груп”, покрај Михаил Парушев на тапаните, во четврток, 7-ми март, во Домот на култура “Билјана Беличанец” ќе настапат врвните: Зоран Костадиновски на гитара, овој пат Јован Цветковиќ на пијано, Дионис Стратров на бас и Петар Колевски на кларинет и саксофон.

Општина Кисела Вода и “Парусион Груп” ве покануваат на една прекрасна музичка вечер за уживање во традиционалните македонски ритми, но со современ звук. Влезот е бесплатен.

To top