Познати Златен медал за заслуги

Кариера за гордост: Србија се поклони пред Зорица Брунцлиќ, пејачката доби значајно признание

Пред неа со оваа награда се закити легендарниот Предраг Живковиќ – Тозовац кон крајот на животот, додека Шабан Шаулиќ постхумно ја доби наградата.

Кариера за гордост: Србија се поклони пред Зорица Брунцлиќ, пејачката доби значајно признание

За време на повеќе од пет децении уметничко творештво, Зорица Брунцлик постигна се што можеше да се постигне. Стана и остана најпопуларна пејачка на Балканот во сите музички жанрови, одржа рекорден број самостојни концерти, остави песни кои станаа дел од антологијата на српската култура.

Како круна на сето ова, истакнатата естрадна уметница годинава го доби највисокото признание што го доделува Србија како држава, златниот медал за заслуги, што и го врачи претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на свечената академија по повод на Денот на државноста.

-Горда сум и благодарна за ова признание. Благодарна на претседателот, затоа што покажа дека уметноста не може и не треба да се дели на висока и популарна, благодарна на публиката што ме поддржуваше сите овие години и благодарна на Бога што ми даде таков плоден, возбудлив и среќен живот, изјави регионалната музичка ѕвезда.

Зорица ја доби наградата како трет уметник од народната гранка, а е единствената која успеа да го направи тоа додека уште е во зенитот на својата кариера.

Пред неа со оваа награда се закити легендарниот Предраг Живковиќ – Тозовац кон крајот на животот, додека Шабан Шаулиќ постхумно ја доби наградата.

Најнови вести од Познати

To top